Австралија нуди стипендии за една дефицитарна професија која ги засега и Македонците – познати се условите за аплицирање

0
77

Според информациите од пописот во 2021 година, во Австралија се изјасните 872.000 лица кои не го зборуваат добро или познаваат англискиот јазик, па имаат потреба од професионални лица за да се поврзат со сите сфери на австралиското општество.

Една од нив е Македонката Слободанка Данче Трајковска која веќе шест години работи како македонски преведувач и толкувач во Австралија и е вработена во болницата „Нортерн Хелт“ како еден од нивните инхаус преведувачи и толкувачи по македонски јазик.

– Овие два термини се различни иако повеќето луѓе се на мнение дека тие се една иста работа дејност – едното е усно, другото е писмено.

Јас уште од мала развив една пасија спрема јазиците и отсекогаш ми било желба да работам нешто што ќе ја инволвира употребата на странски јазик.

Се сметам себеси за екстровертна личност и работата со луѓето односно динамиката да можам да помогнам и да направам разлика ја видов баш во професијата преведувач, вели Слободанка во интервју за СБС на македонски.

Таа објаснува како се станува македонски преведувач и толкувач во Австралија за оние кои можеби би сакале или би ја разгледале оваа можност за професија.

– Солидното познавање на македонски и англиски јазик се потребни, но не се довлни за да се стане овластен преведувач и толкувач. во Австралија постои едно овластувачко тело којшто се вика НААТИ и преку кој заинтересираните може да се регистриират и да добијат датум за полагање на испит.

Претходно се полага јазичен испит со кој се добива право на формално толкување и преведување. Македонскиот јазик е еден од дефицитарните јазици и заради тоа државата нуди и стипендии за оние коишто ќе ја завршат обуката на НААТИ со кои се подмирени оние трошоци поврзани со официјалните испити.

Можете директно да се информирате на нивната веб страница. Дефицитарност во професијата е недоволниот број на лица кои работат како толкувачи и преведувачи така што дефинитивно имаме потреба од преведувачи за македонскиот јазик.

Не само во сферата на здравството каде што работам јас и каде што со сигурност можам да потврдам дека ни се потребни преведувачи, туку и во други сфери – право, социјалната работа итн.

Побарувачката е тука, имаме голем број на македонска заедница којашто живее во Викторија и надвор така што постојат голем број на опции да се биде преведувач – не е само лице во лице, туку постојат и можности за телефонско преведување, видео преведување, заклучува Трајковска.