Средба со представници на иселенички организации од Дизелдорф и Солинген

0
167

Денес директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во придружба на раководителите на сектори, Виолета Секулова и Билјана Костова, остварија средба со претставници на новоформираниот ,,Културен и Спортски клуб Македонија” Ksc Makedonja Düsseldorf, ,,МПЦО Св. Петка” од Дизелдорф и Македонскиот клуб 11 Октомври од Солинген, во Дизелдорф. Делегацијата беше придружена и од страна на претставниците на македонскиот конзулат во Бон. На средбата директорот Близнаковски информираше за надлежностите на Агенцијата за иселеништво и за проектите кои се одржуваат согласно Годишната програма за работа. Воедно директорот Близнаковски повика на идна соработка и комуникација за потребите на иселениците и поддршката која е потребна да се даде во рамки на надлежностите. Домаќините од ,,КСЦ Македонија” од Дизелдорф се заблагодарија за посетата и истакнаа дека се новоформирана спортска организација и дека преку музички настани, спонзорства и членарина ќе се погрижат клубот да опстои и да премине во повисока лига. 

Директорот Близнаковски им додели благодарници за чување и негување на македонските културни, традиционални и верски вредности во иселеништвото.