Промовирање на македонскиот јазик во Швајцарија

0
50

Како и што беше претходно најавено, по иницијатива на Унијата на македонски училишта во Швајцарија, во местото Блоне, се одржа срдечен и пријатен настан за промовирање на наставата по македонски јазик и култура .

Стотина вљубеници со жар и љубов кон својата татковина , пропратени со убавата песна во изведба на најмалите, ни доловија пријатни позитивни  моменти на доживување и носталгичност.

Пораката недвосмислено допре до родителите во околните места, да ги запишуваат децата во македонските училишта и така континуирано да се продолжи со негување на македонските корени и традиции.

Важно е да се напомене дека и покрај фактот што живеат неколку илјадници нашинци во тој дел во Швајцарија, сепак бројот на учениците и отворените паралелки не е на завидно ниво.

Чекор напред е постигнато, по тригодишно затишје ,  со доаѓањето на новата наставничка која активно ќе се ангажира во реализација на поставената цел.

Да учиме македонски !