Македонците во Чешка организираат концерт по повод 11 Октомври

0
130
Добар ден, драги наши сонародници,
Ни преставува чест и задоволство да ви споделиме информација за концертот по повод државниот празник 11 Октомври кој ќе се одржи во барокната сала Јана Дејли од 19:30 часот, во кој ќе настапуваат уметниците Мирјана Бурназ Кремшовски, Живе Кремшовски и Марија Николовска.
Ќе слушнете композиции од македонските композитори Т.Прокопиев, Т.Зогравски, Т.Скаловски и од светски познатите композитори В.А.Моцарт, А.Дворжак, В. Белини и А.Доницети.
Повеќе информации околу настанот ви испраќаме прилогот кој ви го доставуваме.
Ви благодараме однапред за вниманието.
Се надеваме на вашето присуство.
Влезот е слободен.
Мирјана Бурназ Кремшовски
Живе Кремшовски
Марија Николовска