Делегација на ОМД и ЦМХС во посета на Грција

0
177

На 17 септември, 2022, членот на Управниот одбор на ОМД Мери Ауту, директорот на ОМД Македонија Гордан Јорданов и претседателот на Канадското Mакедонско Историско Друштво, д-р Ден Малин, се сретнаа со духовниот водач на Македонците во Грција, архимандритот Никодим Царкњас и македонското локално население. Отец Никодим ги информираше Мери, Гордан и д-р Дан за неговите иницијативи и борби за само-определување во текот на неговиот живот. Тој се заблагодари на ОМД и ЦМХС за целосната поддршка во изминатите години и изрази благодарност за сите посети што членовите на ОМД ги направија досега. Тие разговараа за актуелната состојба на Македонците во Грција и за зачувување на културата и јазикот на македонското малцинство во Грција. Тие се согласија дека во овие тешки времиња, повеќе од кога било, Македонците мора да останат обединети и дека дијаспората е клучна за целото верско, културно и политичко зачувување на Македонија бидејќи мнозинството од Македонците кои живеат во странство, повеќе од било кој поминале низ борбите кои несакано ги натерале да ги напуштат своите домовие и родни краишта. ОМД ќе продолжи да го поддржува македонското малцинство во Грција и активно да работи на зачувување на нивните човекови права, процесот на интеграција и правото на самоопределување.