Додека во Македонија, предметот македонски јазик се преименува во мајчин јазик и тоа во време на досега невидени негирања и напади од страна на Бугарија, Македонците во Швајцарија организираат средба со цел организирање на настава на македонски јазик за младите Македонци.
Средбата ја организира Унијата на македонски училишта во Швајцарија, а ќе се одржи на 25 септемри 2022 година, со цел пронаоѓање на наставници и други ресурси за проширување на бројот на паралелки кои учат на македонски јазик.
Меѓу целите на средбата е и да се лоцираат младите Македонци, односно да се пронајдат нови деца кои ќе имаат настава на мајчин јазик.
