Македонскиот јазик е вклучен во важен француски проект посветен на сказните на Шарл Перо, којшто се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, што важи за еден од најреномираните филолошки образовни и научни центри во Европа. По повод Меѓународниот ден на преводот, на сцената на големиот настан во организација на ИНАЛКО, „Гласовите на сказната“, во Париз, сказната „Самовили“ на родоначалникот на современата европска сказна, Шарл Перо на 30 септември, ќе биде презентирана и во превод на македонски јазик, како и на уште неколку други јазици.
Повеќе можете да прочитате ТУКА