По пауза од три месеци започнува со работа МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Линц

0
86
Почитувани браќа и сестри Македонци ;
По 3 месеци пауза поради летниот распуст
Мкд .Св.Кирил и Методи од Линц повторно започнува со работа од кој веќе имаме неколку специјални програми за кој што преговараме со потенцијалните изведувачи .Првиот настан свечено ќе го започнеме според традицијата на овој кулинарски специјалитет кој стана брендиран гурмански производ.
Затоа ве известуваме дека на ден 1.10.2022(САБОТА) во 16:00 часот ве очекуваме свечено да ја започнеме првата Пастрамајлија и да наздравиме.. Заедно ќе создадеме незаборавни спомени со вкусна традиционална Пастрамајлија и долгоочекуваните дружби.
Гозбата започнува од 16:00 часот со свечено отворање по иницијатива на Сашко Петров
Се гледаме на квалитетна храна и квалитетна музика.