Светската премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе се случи на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио, што ќе се одржи од 24 октомври до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот.
„Кајмак“ во Токио ќе се прикаже во официјалната селекција за награди. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти.
Повеќе можете да прочитате тука