Големата изложба „Првите кралеви на Европа“ утре ќе биде отворена на Институтот за древни студии во Њујорк

0
114

Големата изложба „Првите кралеви на Европа“ утре ќе биде отворена на Институтот за древни студии во Њујорк. 

– Идејата потекнува од Филдовиот музеј во Чикаго кој често организира спектакуларни изложби со фокус на средини и теми кои не ѝ се многу познати на американската публика. Тие сакаат да претстават предмети кои привлекуваат внимание и имаат огромно влијание во манифестирањето на човечките достигнувања во (пред)историјата. Колегите Атила Гјуча и Вилиам Паркинсон, воедно и иницијатори на изложбата, ме контактираа да бидам македонски координатор на проектот и заедно со уште дваесетина музеи од регионот ќе учествуваме во најголемото претставување на балканската предисторија во светот. Поканата беше секако голема привилегија за мене и предложив во соработката да се вклучат повеќе македонски музеи.