Денови на македонската поезија во Шведска

0
142
1 октомври 2022 година
во Stadsbiblioteket, Градската библиотека во Гетеборг во 12:00
Годинашната манифестација Ден на македонската поезија во Шведска ќе се одржи на 1 октомври во 12:00 во Градската библиотека во Гетеборг (Stdasbiblioteket, Trappscenen). Во програмата ќе земат учество дваесетина поети од разни национланости и здруженија, како и неколкумина членови на клубот „Феникс“ при Författarcentrum Väst. Гостин од Македонија годинава ќе бида истакнатиот поет Борче Панов, кој е и уметнички координатор на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“ во Радовиш.