Агенцијата за иселеништво додели учебни помагала на учениците од Македонското училиште „Св.Климент од Охрид“ во Канбера

0
169

Македонското училиште „Св. Климент од Охрид“ од  Канбера, на барање на наставничката по македонски јазик Лидија Трпеска, од Агенцијата за иселеништво доби учебни помагала за потребите на наставата. Учебниците беа доделени во просториите на македонската амбасада во Канбера, а на настанот присуствуваа учениците и нивните родители.

Агенцијата за иселеништво преку програмски активности и учебни помагала ќе продолжи да го поддржува негувањето и учењето на македонскиот јазик во иселеништво.