Објавен новиот роман на Владо Јаневски „Смртта не е крај“

0
21

Збор-два за мојот најнов роман „Смртта не е крај”, во последниот број на Културен печат. Во претходниот роман, „Мртвите знаат најдобро“, добитник на наградата „Пегаз“, главниот лик, платениот убиец со уметнички аспирации, Фуриозо, живее и делува во Јапонија. Во „Смртта не е крај“ дејството се префрла во Австралија, каде што Фуриозо тргнува на долг пат на себеспознавање и разбирање на постоењето. Првите чекори на тој пат ги прави со неговите нови пријатели Пикасо и Шагал, кои го следат и разговараат со него или размислуваат гласно додека Фуриозо се обидува да започне нов живот. Како и во претходниот роман и овде реалноста и фантазијата се испреплетени низ многубројни изненадувања и интересни ликови.