Повик за упис на ученици

0
30

Почитувани,

со почетокот на редовната настава во германските покраини Хесен и Рајнланд-Пфалц  започнува и дополнителната  настава по македонски јазик во учебната 2022-2023 година во Франкфурт на Мајна и Мајнц.

Наставата е комплетно бесплатна и во организација на Министерството за образование и наука на Република Македонија, а  потребните учебници ги обезбедува Агенцијата за иселеништво.

Наставата и оваа учебна година се реализира во Bettinaschule, Feuerbachstraße 37, 60325 Frankfurt am Main

и во просторија прилагодена за настава во МПЦО „Св. Никола” во Мајнц , August-Horch-Str. 4, 55129 Mainz.

Рокот за запишување нови ученици е до 30.09.2022.

Подетални информации за упис во покраината Хесен, можете да добиете на официјалната веб страна на Училишната институција на Хесен:

https://schulaemter.hessen.de/schulbesuch/herkunftssprache-und-mehrsprachigkeit/hsu-mazedonisch

или директно на: b.filipovski@gmx.de

Со почит,

Бисера Филиповски