Почитувани,
Се повикуваат сите родители и ученици кои живеат во Загреб и Загребската жупанија да ги запишат своите деца кои се ученици да го изучуваат македонскиот јазик како изборен предмет во новата учебна 2022/2023 година.
Учениците во ОУ. “Никола Тесла ” , ОУ. “Аугуст Харамбашиќ” и во Првата гимназија кои со голема љубов го учат македонскиот јазик ги очекуваат своите нови пријатели.
Заедно да го негуваме и чуваме нашиот македонски јазик.
Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации во Првата гимназија во Загреб или директно кај професорката Ивана Брезовец
ОУ. “Никола Тесла”и ОУ. “Аугуст Харамбашиќ” во Загреб или директно кај учителката
Деспина Велинска
Наставата е бесплатна како и книгите и наставните помагала.
На крајот од учебната година учениците добиваат оценка која влегува во целокупниот просек и рамноправно и гордо стои во свидетелствата.
Наставата е одобрена од страна на Министерството за наука и образование на Република Хрватска, финансирана од државниот буџет на Република Хрватска.
Помогната од Советот на македонското национално малцинство на град Загреб,
Заедница на Македонците во РХ и
МПЦ Св. Злата Мегленска.
За крај само ќе ја истакнеме мислата на големиот Блаже Конески која вели:
” Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација, затоа што преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадноста кон една нација. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина македонски.”
Со почит,
Ивана Брезовец