Македонска Настава Берлин
Почитувани родители,
сакам да ве известам дека уписот на ученици за дополнителната настава на македонски јазик во Берлин за учебната 2022/2023 година е започнат.Сите заинтересирани родители кои имаат желба своето дете да го запишат на дополнителната настава на македонски јазик, тоа можат да го сторат во недела на 11.09.2022 во 12 часот во помошните простории на МПЦ„Св.Климент Охридски“ во Берлин.Воедно тој ден ќе се одржи првиот час со учениците.
Наставата е бесплатна, а учебниците се обезбедени од страна на Агенцијата за иселеништво.На крајот од учебната година учениците добиваат сертификат за посета на наставата, доделена од Министерството за образование и наука.
Со почит,
Ана Смилевска