Драги колешки и колеги,
Најпрво им посакувам добар почеток во новата учебна година на сите оние кои што наставата ја започна во септември (или во август). На останатите од другата страна на земјината топка, добро продолжение со работа/ настава.
Постојано добивам барање за вклучување во нашиот Гугл драјв од наши колеги и така бројот ни се зголемува и сега на спосокот сме 102 учители. Би било добро да продолжиме со збогатување на оваа страна (индивидуално или како група) и така меѓусебно ќе си помагаме за збогатување на наставата.
Исто така добив информација дека Министерството за образование и наука обезбедило наставник за францускиот кантон во Швајцарија. Наставничката Ирена Годева би требало да е започната со настава.
Се надевам дека и во другите делови на Европа наставата се одвива во најдобар ред и со добар број на ученици. Колегата Драган ја испрати следната идеа преку Месинџер, – За почетокот на новата учебна година да направиме еден повик –текст за што помасовно запишување . Да го истовремено потпишеме одсите наставници и истото може да се испрати и до медиумите кај нас.
За овој текс можеме да искористиме дел од нашиот проглас (видете го примерот). Ви спраќам PDF документ и Word Doc за да можете да го едитирате.
Во името на нашето здружение (МТАВ), како иницијатор на ова светско „здружение“ би сакала да се консултирам со сите вас драги колеги, што ќе правиме понатаму?
- Дали имаме планови за во иднина?
- Дали сте заинтересирани да продолжиме и некој друг вид на соработка?
- Дали имате идеи за нови проекти?
- Дали сакате да се состануваме?
- Кој ќе го координира ова неофицијално здружение?
Поздрав до сите од
Јованка
(во името на MTAV)