Филмски фестивал „Крафт“

0
161

Македонија ќе соработува со Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора на полето на подобро вмрежување на актерите и зголемување на нивната мобилност и присуство во европската филмска индустрија. За време на Деновите на индустријата CineLink во соработка со Сараевскиот филмски фестивал, директорите на филмските центри на овие земји потпишаа меморандум за соработка.

Иницијативата за соработка е на Словенечкиот филмски центар и започна во јуни во Крањ како дел од второто издание на Филмскиот фестивал КРАФТ. Водителка на програмата е продуцентката Тина Хајон, која го дизајнираше овој проект под слоганот „глуми локално, дејствувај глобално“. Со потпишувањето на меморандумот за соработка на овој проект, кој за прв пат ги собра сите регионални филмски фондови, овој слоган доби целосна смисла. Заедничката цел на ова партнерство е создавање можности за вмрежување и зголемување на препознатливоста на глумците од целиот регион.

Повеќе можете да прочитате ТУКА