Донација од Општина Гевгелија

0
29
300.000 ДЕНАРИ ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ДАМЈАН ХАЏИ НИКОЛОВ
Советот на Општина Гевгелија, на денешната 14 седница, донесе едногласна Oдлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија во висина од 300.000 денари за лекувањето на гевгеличанецот Дамјан Хаџи Николов во странство. Имено, Дамјан Хаџи Николов е тригодишно дете со утврдена дијагноза Бета Таласемија Мајор, кој е на продолжено тримесечно болничко лекување по успешната трансплантација во Аџибадем Истанбул, кое чини 60.000 евра. За таа цел, одобрените средства од страна на Советот, ќе бидат префрлени на жиро-сметката за донации и наменети за делумно подмирување на трошоците.
Поради неможноста на родителите да ги покријат трошоците, на социјалните мрежи, во тек се апелите за собирање на потребната сума за лекување, за што се достапни броеви на два мобилни оператори за донации, како и можноста за електронско донирање преку веб-страната Gofundme. Покрај тоа, гевгеличани организираат и хуманитарни настани и акции за помош на малиот Дамјан. ОО Црвен крст- Гевгелија на повеќе локации во градот, во кафе-баровите и супер-маркетите поставија кутии за донации, а Гевгелиското Архиерејско Намесништво организираше хуманитарен базар.