Две несудени професорки, судбински се поврзале за поголема цел. Наташа Атанасова веќе 13 години е дипломиран професор по општа и компаративна книжевност, а Јасмина Грујиќ, 17 години ја има дипломата професор по математика. Никогаш не носеле училиштен дневник в рака, ама широко ги отвориле рацете за други предизвици. И така, 12 години Наташа и Јасмина заедно работат во областа на маркетингот. Најново за овие две умници е изработка и пласман на печатени честитки што зборуваат нашки. А на нашки кажано е најубаво.
Од
Повеќе можете да прочитате ТУКА