На први јули годинава, општина Битола, објави јавен конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативен центар.
Според условите во конкурсот, идејното решение да треба да се изработи со најоптимално искористување на просторот предвиден за градба и ориентацијата на објектот како и најблизок пристап од влезот во парцелата.
Позиционирањето да биде така што ќе обезбедува најповолно непречено одвивање на сообраќајот предвиден според потребите на спортско-рекреативниот центар и најблиска и најлесна комуникација за пристап на возила како надвор така и внатре во објектот.
Функционалното решение да се проектира за капацитет од 5000 гледачи, да овозможи најдобар и најбрз влез и излез на гледачите, односно да има посебен службен влез (за ВИП личности, за спортисти и спортски работници, делегати, судии и др.) и јавни влезови за гледачи.
Сместувањето на гледачите во објектот да биде задоволено со пропратни секундарни содржини.
Примарните содржини – игралишта да бидат дизајнирани во повеќенаменски мултифункционален простор – сала во која што на еден простор ќе се изведуваат повеќе активности.
Општина Битола