Училиштата во општина Илинден подготвени ќе ги прифатат учениците во новата учебна година

0
159

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски направи обиколка на централните и подрачните основни училишта, детската градинка и средното општинско стручно училиште. Дополнително на тоа, новитет оваа година е отворањето на новото основно училиште во населба Илинден.

При посетата беше констатирано дека сите училишта подготвени ќе ја отпочнат новата учебна година и се спремни просторно, како и со воспитно-образовен кадар кој во целост ќе ја спроведе предвидената образовна програма за учениците.

Во текот на летниот период извршени се градежни активности во сите училишта, санација на оштетени делови, хортикултурно уредување на дворните површини, како и целосна дезинфекција на училниците и просториите кои се наоѓаат во училишните згради.

Интензивно се работеше и во останатите училишта во делот на инфраструктурата, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

 Општина Илинден