Во рамки на Програмата на Струшките вечери на поезијата за 27 Август 2022 година, беше доделена наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник, која ја доделува Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија.
Во своето обраќање, директорот на Агенцијата за иселеништво,Слободан Близнаковски, истакна дека досега оваа награда е доделена на 12 иселеници што творат и живеат надвор од државата.
– Емилија Тодорова нѐ враќа назад кон семејните вредности, кон вредностите на општеството и на семејството. Ја охрабрувам и понатаму да твори за да оставиме нешто убаво на идните поколенија – рече Близнаковски.
Воедно, директорот Близнаковски се заблагодари и на раководството на Струшките вечери на поезијата, за долгогодишната соработка и можноста нашите иселеници преку оваа награда да бидат дел од најпрестижната светска поетска манифестација, Струшките вечери на поезијата.
Директорот Близнаковски се заблагодари до останатите девет автори кои конкурираа со свои дела и ги повика на понатамошна соработка во рамки на сите културни активности на Агенцијата за иселеништво, истакнувајќи го притоа значењето на нивните дела за чувањето и негувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет во иселеништво.