Get EXITed забавата има големо значење за Струмица

0
41

„Реализацијата на овогодинешниот Get EXITed фестивал во Струмица, како дел од глобалната програма на реномираниот фестивал EXIT, има огромно значење за градот и општината.Тука, пред сé сакам да ја потенцирам поддршката која на овој  начин ја даваме на иницијативата „Отворен Балкан“, многу сериозен и важен гео‐ стратешки процес за нашиот регион.

Секако, локално, за струмичката економија најавената посета од неколку илјади посетители на Get EXITed потенцијално ќе  значи директен прилив на средства во сместувачките капацитети, како и во касите на угостителите и сите останатите дејности  кои директно или индиректно се занимаваат со туризам.

Со изборот на учесниците кои денес ги  слушнав, верувам  дека Get EXITed 2022 ќе понуди добра забава за сите присутни. Во оваа прилика нескромно сакам да ја изразам големата благодарност кон организаторите на EXIT, кон авторитетите од нашето соседство и сите кои го  поддржуваат  овој фестивал за препознавањето Струмица како долгорочна  дестинација за иден развој на овој мултикултурен настан од светски ранг“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.