ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ГИ ИСПЛАТИ ТРОШОЦИТЕ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР ДО КРАЈОТ НА ОВАА ГОДИНА

0
125

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој се вели дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината,  застануват зад делото на Коста Хаџиантоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар) и трошоците за струја, со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, веќе 41 година е организатор на најстарата светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.  Низ изминатите децении, илјадници детски цртежи од оваа колонија ги красат ѕидовите на престижни институции во државата, а секој мај, Битола е исполнета со џагорот на децата – ликовни уметници од целиот свет.

Општина Битола