По иницијатива на семејството Попови, а во соработка со Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, во Негорските Бањи се одржа првиот Меѓународен турнир во брзопотезен шах „Венци Попов 2022 година“, со што беше одбележан 9-годишниот спомен од прераната смрт на гевгелискиот и македонски шахист. За отворен турнирот го прогласија Катерина Попова, сопругата на Венци; Пепи Танчев, претседателот на ШК „7 Ноември“ и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
На Турнирот учествуваа 85 шахисти од: Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Иран кои шаховските партии ги одиграа по швајцарски систем, во 13 кола, по пет минути во партија. Победник на овој турнир беше Филип Анчевски, кој ја освои првата награда со 12 поени од 13 партии, додека второ место беше Тони Лазаров, а трето Звонко Станојковски. Најдобро пласиран гевгелиски шахист беше Тодор Андонов, кој се позиционираше на 21 место. Покрај возрасните членови на АК „7 Ноември“- Гевгелија, на Турнирот учествуваа и најмалите членови, Лана Трајкова и Кристијан Кавазов.
– Прекрасната организација со учество на голем број велемајстори нека биде мотив овој шаховски турнир во иднина да стане традиционален, истакна градоначалникот Сарамандов.