Малиот Узунов ќе тренира во кампот на Ѓоковиќ

0
40

Младиот Узунов има 10 години, доаѓа од Валандово, ова лето ќе биде дел од кампот на еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, во Белград (Србија).

Таму ќе биде една седмица, ќе тренира и учи од најдобриот, Ѓоковиќ, кој во својата кариера досега има освоено 21 грен слем титула.

Според Никола, Ноле е цар и дека конечно сонот му се оствари да биде со рекетот број еден, информира „Радио Валандово“.

На Никола му ја посакуваме сета среќа, да успее, а секако се надеваме на уште повеќе млади и талентирани тенисери кои ќе бидат желни да се докажуваат, а веќе еден од нив е Калин Ивановски кој направи огромен скок на АТП листата.