Шеесетина македонисти од цел свет од денес ќе бидат гости во Охрид на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Ова е најголем број учесници во последните години на школата, а нејзината програма се очекува да им овозможи и нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката, опфаќајќи и сегменти од македонската култура коишто претходно не биле дел од програмските содржини на школите на МСМЈЛК при УКИМ.
Лекторската настава за учесниците почнува денеска. Свеченото отворање е предвидено за задутре во 19 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид на кое ќе се обратат претседателот на државата, Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Повеќе можете да прочитате ТУКА