Страста кон развивање и одржување на природното и органско производство и желбата за навраќање на корените го натералата Драган Цветковиќ да се врати во село, со цел да произведува чиста и здрава храна со вкус кој потсетува на некогашниот. Така во близина на Куманово, во чистата рурална средина Тромеѓа и далеку од индустриските објекти, Цветковиќ го лоцирал погонот на фирмата „Адут ГВН”, која се првично се занимавала со конфекционирање на основни додатоци во исхраната, за веќе во втората фаза да се зафати со заштита,обновување и производство на стари автохтони сорти на растенија кои успеваат на нашето поднебје. Тие, на македонскиот пазар станаа прeпознатливи по производството на индиско чили во македонски услови, но и одгледувањето и продажба на старите сорти на наут, бела пченица, ловор. Сето тоа за свој мерак, но и потрошувачите да ги навратат на некогашните добро препознатливи вкусови на храна одгледана на македонско поднебје.
Повеќе можете да прочитате тука