Македонската актерка Сара Климоска синоќа продефилира на црвениот тепих на 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал. Таа учествува на престижниот фестивал како дел од тимот на српската ТВ-серија „Мочуриште 2“ (Mocvara 2) во режија на Олег Новковиќ, а ја игра улогата на Елена Настева. За оваа улога таа беше номинирана за наградата „Ѕвезда во подем“, заедно со колеги од шест други ТВ-серии од регионот. Наградите беа доделени синоќа во хотелот Hills во Сараево, а во оваа категорија признанието го доби актерот Јован Јовановиќ за серијата „Чудна љубов“.
Повеќе можете да прочитате тука