Ракометниот кадет Петковски со 38 гола е најдобар стрелец

0
43
Врсниците на Александар Петковски летово го минаа по плажи и ноќни клубови, но ПЕТКОВСКИ ГО МИНА ВО СЛУЖБА НА МАКЕДОНИЈА – ЦЕЛО ЛЕТО ИГРАШЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА.
Најпрвин, десното крило настапи на „Медитеранските игри“ во селекцијата предводена од Кирил Лазаров. Таму одигра 5 натпревари. Потоа следеше „ЕФ Младинскиот шампионат“. Петковски одново беше прво десно крило и одигра 6 натпревари.
Круна на репрезентативното лето за Петковски, беше кадетскиот шампионат. Таму не само што со Македонија го освои ПРВОТО МЕСТО, туку Петковски беше НАШИОТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ со 38 постигнати голови на 5 натпревари.
СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЧЕ, ТАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА. ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ ИГРА ОД ЉУБОВ!!