Согласно Одлуката од Жири комисијата при Струшките вечери на поезијата за наградата ,, Стојан Христов” за најдобра книга поезија од иселеник која ја доделува Агенцијата за иселеништво, оваа година добитник е авторката Емилија Тодорова од Сиднеј, Австралија, за збирката песни ,,Гравитација”.
Од име на директорот Слободан Близнаковски и од име на сите вработени ѝ ја честитаме наградата на авторката и ѝ посакуваме успех во понатамошното творење.
дома Иселенички Страни Австралија Наградата ,, Стојан Христов” за најдобра книга поезија од иселеник која ја...