Ден на дијаспора во Цера, Македонска Каменица

0
226

На покана од страна на ВД директорот
на КИЦ Романса Македонска Каменица, Гоце Стојановски и градоначалникот на општината, Димче Атанасовски, директорот Слободан Близнаковски присуствуваше на иселеничката средба ,,Ден на дијаспората” во манастирскиот комплекс ,,Еленец” село Цера, Македонска Каменица.
При обраќањето кон присутните, директорот Близнаковски ги поздрави ваквите средби, им посака добредојде на иселениците и информираше накратко за програмските активности на Агенцијата за иселеништво. За време на средбите директорот имаше можност да се сретне со иселеници и да слушне за проблеми и потреби со кои тие се среќаваат во странство. Упати покана до сите за посета на Агенцијата за иселеништво и зацврстување на понатамошната соработка.
Градоначалникот Атанасовски истакна дека општина Македонска Каменица има голем број иселени млади лица и дека неговата заложба е модернизирање и развој на општината со цел привлекување на луѓето да се вратат дома, за што во иднина во таа насока и ќе соработува со Агенцијата за иселеништво