Учениците на „Јахја Кемал“ се вратија со девет медали од глобалното финале на Teeneagle International English Competion, што се одржа во Лондон. Учениците се вратија со 4 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Во период од осум дена колку што траеше натпреварот, учениците се натпреваруваа во областите: квиз на знаење, предизвик за пишување, правопис, убедливо зборување, талент шоу и краток филм.
Помеѓу натпреварите, сите учесници посетуваат ексклузивни часови за комуникација по англиски јазик.
На глобалната финална фаза учествуваа околу 400 ученици од 27 земји.