Заврши Летната Школа по македонски јазик за децата на иселениците

0
76

Од 25-31 јули 2022 година во Охрид, во организација на Агенцијата за иселеништво се одржа Летната Школа по македонски јазик за децата на иселениците.  Учествуваа ученици од Швајцарија, Шведска, Словенија, Австралија, Хрватска и Србија и наставници кои се грижеа за наставата и безбедноста на децата за време на Школата. Покрај наставата по македонски јазик, учениците се дружеа преку спортски активности, игри на вода, работилници и екскурзии. Беа посетени Самоиловите тврдини, Плаошник, Античкиот амфитеатар, а беа реализирани и слободни прошетки низ Охрид.

Во вечерните часови учениците подготвуваа приредби со рецитирање, песни и ора со цел да покажат како ја негуваат македонската култура преку друштвата во средините каде живеат.

На децата им беа доделени дипломи за учество на Школата, а тие за крај ја испееја македонската Химна и изразија благодарност до Агенцијата за иселеништво за организацијата на Летната Школа и укажаната можност за учество.