Националниот совет на Македонците во Србија го одбележа Илинден

0
137

За многу години Илинден Македонки и Македонци! Оваа година како и секогаш Централната прослава на Илинден беше одржана во Јабука каде се собраа голем број на организаации членки на САМС и како и досега покажаа сплотеност и заедништво. На покана на државните институции на Србија и Македонија председателот на Советот Борче Величковски поведе делегација на македонската национална заедница во Србија и положи свежо цвеќе во портата на Манастирот “Прохор Пчински”, каде цвеќе положија и македонскиот председател Стево Пендаровски и српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ.