Часот по македонски јазик денес беше посетен од македонскиот ликовен уметник, Мајкл Клос, во придружба со неговата сопруга Менка Клос, кои живеат во Канада. Уметникот Клос на учениците им го раскажа својот животен пат до успехот, техниката што ја користи и значењето на неговите дела. Учениците поставуваа прашања и покажаа голем интерес и љубопитност кон темата. Во знак на благодарност подготвија приредба со рецитирање на поезија од браќата Миладиновци, пеење на изворни македонски песни, играње на орото ,,Паланечка тојка” и на тој начин покажаа како и тие ја негуваат македонската култура, традиција, фолклор и јазик во средините каде што живеат. Од ликовните дела кои ги донесе уметникот Клос беше направена изложба и истите беа подарени на децата во знак на сеќавање и почит кон Агенцијата за иселеништво за организирањето на овие значајни проекти