НЕДЕЛАВА, „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ЗАВРШУВА СО КОНЦЕРТ НА „РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“

0
56

Утре, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот, ќе настапат амбасадорите на староградската песна „Распеани гевгеличани“. Нивниот концерт е дел од програмските активности за „Гевгелиско културно лето 2022 година“.
Неделава, во рамките на манифестацијата, можат да се забележат културни содржини од областа на музиката. И тоа, организаторите се потрудија да бидат жанровски различни, за сечиј вкус.
Вчера, млади рап-артисти, на платото пред Народниот театар- Гевгелија со својот концерт приредија задоволство за помладата публика. Со изведба на соло-песни, Олд Скул Портеро, Децата на старата школа (Узи и ТриМ) и Огнен Бокс-Битер ја преставија својата кариера, докажувајќи дека се одлични поети кои преку рецитирање на лирскиот текст пропратен со ритам ја опеваат вистинската слика за животот.