Во тек е Летната школа за децата на иселениците во Охрид

0
76

Во тек е Летната школа за децата на иселениците во Охрид, во организација на Агенцијата за иселеништво. Покрај наставата по македонски јазик, учениците се рекреират и дружат преку спортски активности и игри во вода.

Денес според рамките на предвидената програма, групата имаше организирана посета на Самоиловата тврдина, Плаошник, Светиклиментовиот Универзитет и Античкиот амфитеатар, а во дуќанот за бисери на фамилијата Филеви, ја слушнаа легендата за Охридскиот бисер и начинот на производство.

Учениците се презадоволни од Летната школа и со нетрпение ги очекуваат следните активности!