Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, ја отвори Летната школа во Хотел Конгресен центар, ги поздрави учениците, им посака успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик.
Оваа година на Летната школа учествуваат 34 ученика од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија. На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата ќе имаат можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на својата татковина!