Реконструкција на кровот на детската градинка во општина Илинден

0
113

Во детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден во тек е реконструкција на кровот.

Во градинката се вршат градежни работи, односно промена на салонитните табли со поставување на пластицифиран лим на површина од 542 метри квадратни.

Увид во работните активности на градинката денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека целта е да се обезбедат подобри инфраструктурни услови во оваа детска установа. Тој додаде, приоритет секогаш ќе бидат младите и најмладите во детската градинка и училиштата, каде редовно ќе се вршат реконструкции за подобрување на условите за престој и работа.

 Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот