ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

0
38

Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден се поднови со  специјално возило за подигнување на контејнери од 5.5 м3.  Во наредниот период ќе се изврши набавка и на специјално возило за подигнување на отпад од 5 м3.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на  квалитетот на услугите, а со набавката на овие возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”.

 

 

 

 

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот