Во рамки на Меѓународниот фолклорен фестивал за песни и игри „Охридски бранови“ Агенцијата за иселеништво организира Иселенички фолклорен фестивал од 20-24 јули во Охрид, на кој учествуваат 120 играорци и пејачи од иселеништвото кои ги негуваат македонските изворни песни и ора. Ансамбли од Р.Хрватска, Р.Србија и Р.Романија ќе се претстават на 22 јули во центарот на Охрид и 23 јули во Античкиот амфитеатар со почеток од 20:00 часот.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски ги поздрави учесниците на Фестивалот, се заблагодари за интересот за учество, им посака пријатен престој во родниот крај и успешно претставување на Фестивалот.
Во рамки на целокупната организација од страна на организаторот на Фестивалот “Охридски бранови„ покрај настапите учесниците ќе имаат можности да посетат културно- историски знаменитости на градот и етно работилници.
На Фестивалот учествуваат: МКД „Македонија“ од Сплит, Пеачка група „Тоше Проески“ од Качарево, КУД „Младост“ од Глогоњ, Пеачка група „Исток десет“ и здружение „Вардар“од Вршац, Уметнички центар „Талија“ од Белград и „Ансамбл Сонце“ од Крајова при Друштвото на Македонците во Романија.
Средба со лидерите на групите