БИТ ФЕСТ: СО ОЛИВИЕ САМУИЛАН ОД ФРАНЦИЈА, FANFARA STATION И САШО ПОПОВСКИ КВАРТЕТ СЕ ЗАТВОРИ ПЕТТИОТ „ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ“

0
149

Со настап на Оливие Самуилан од Франција и Сашо Поповски квартет од Македонија на сцената во Битолскиот народен театар, се затвори 5.јубилејно издание на „Џез фактори фестивалот“, кое оваа година беше дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Сашо Поповски настапи заедно со Кирил Кузманов на алт саксофон и флејта, Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Поповски е неуморниот борец за покултурна македонска музичка сцена и еден од нашите најактивни претставници надвор од земјата. Квартетот е составен од докажани имиња на македонската џез сцена.

Покрај нив, настапија и FANFARA STATION од Италија, а беше доделена и наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар за 2021 година на Александар Бошков.

Џез Фабрика Фестивал – Битола, кој се реализира со поддршка од општина Битола, е единствен етаблиран меѓународен џез фестивал на територијата на Општина Битола кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла со главен фокус на домашните и регионални артисти, стожер во креирањето на современата Македонска музичка сцена, преку културна децентрализација, меѓународна промоција на домашни артисти, партнерство во европски мрежи, промотор на социјални и општествени промени.