Пензионерско друштво „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

0
176

Пензионерското друштво „Гоце Делчев”, секција при МПЦ  „Св.Климент Охридски” од Торонто, предводено од претседателот Петре Гулевски, а во соработка со женската секција при оваа црква, веќе неколку недели секој четврток редовно го организира традиционалниот ручeк  со почеток во 12 часот.

Сениорите при оваа црковна заедница, како и многумина Македонци и пријатели на Македонскиот народ, по две години рестрикции поради Ковид вирусот, со радост дочекаа повторно да се среќаваат во пријатното домаќинско место во оваа катедрална црква.

Готвачот Алек и женската секција, предводена од претседателката Ирена Сипидалис-Караоулис, како најдобри домаќини редовно приредуваат и сервираат највкусни македонски јадења.

Овој четврток Драги Чумандра го прослави својот 96-ти роденден! Ние му го честитаме и истовремено ги покануваме сите Македонци и нивните пријатели да повелат секој четврток на вкусен ручек и убаво друштво за пријатно дневно расположение.