Работна средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и амбасадорката на Република Црна Гора, Марија Петровиќ

0
393

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е Марија Петровиќ, во присуство на г-ѓа Билјана Костова, раководител на сектор и г-ѓа Ивана Шикмановиќ, прв секретар во амбасадата, во просториите на амбасадата.

 Средбата беше иницирана од страна на директорот Близнаковски, со цел информирање на амбасадорката Петровиќ за положбата на Македонците во Република Црна Гора.

Амбасадорката Петровиќ истакна дека Република Северна Македонија и Република Црна Гора немаат отворени прашања и дека до сега имале одлична комуникација и соработка по однос на сите полиња, посебно во билатералните и дипломатските односи.

Таа информира дека и во Република Северна Македонија живее организирано Црногорско малцинство и дека  малцинствата се мост помеѓу две држави и се надева дека ќе се најдат механизми двете држави по принцип на реципроцитет да ја подобрат нивната положба. Црна Гора сама по себе е мултиетничка и мултинационална држава, што подразбира грижа за секое малцинство што живее на нејзина територија.

Директорот Близнаковски предложи да се формира Мешовита Комисија помеѓу двете држави за регулирање на правата на взаемните малцинства, како тело кое би било основа за отпочнување на овој процес.

Воедно директорот Близнаковски  го честита претстојниот празник, Денот на државност на Република Црна Гора кој се одбележува на 13 јули.