„Македонско- српско пријателство низ слики и музика”.

0
393

Културниот центар Вршац од Република Србија во соработка со друштвото на Македонците „Вардар Вршац” од Вршац  ја организираат програмата „Македонско- српско пријателство  низ слики и музика”.

Програмата ќе биде  релизирана во Домот на армијата, во вторник 5.јули во 19 часот.  Учесници во програмата се:  Пејачката група Исток 10, Дарко Ристески и Миле Прешвски.

Со музичко-поетскиот програм на летната сцена Домот на армијата, македоснката сликарка  Елизабета Георгиева Јорданоски во галеријата на Домот на армијата  ќе ја постави својата изложба на слики со македонски етно мотиви.