Културно-уметничките друштва и фолклорните ансамбли од
општина Гевгелија започнаа со своите турнеи надвор од
државата. Имено, Ансамблот „Бојмија“ ќе учествува на 19 по ред
Меѓународен фолкорен фестивал „Еурофолк“ 2022 година во
полскиот град Замошч. Фестивалот на кој ќе учествуваат
фолкорни ансамбли од повеќе држави, ќе започне на 11, а ќе трае
до 17 јули. Исто така, на 9 овој месец, Ансамблот „Бојмија“, на
покана од Македонското здружение „Вардар“ од Брчко, Босна, ќе
земе учество на целовечерниот концерт.
КУД „Танец“ – Миравци веќе е во Черноморец, Бугарија,
каде учествува на шестото издание на Интернационалниот
фестивал „Черноморски вечери“. Од државата, заедно со
„Фолкорна низа“ од Струмица, го претставуваат богатството на
македонскиот фолкор пред публиката и учесниците на Фестивалот
од Бугарија, Унгарија, Босна и Херцевоцина и Србија.
Додека КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци успешно ја заврши
својата турнеја во Србија и Хрватска, во периодот од 30 јуни до 5
јули Членовите настапија на „Етно Козара“ во Пискавица, „Етно
денови“ во Бања Лука и на 18 Интернационален фестивал во
Градишка. Претседателот на КУД „Браќа Толеви“- Прдејци, Венци
Попов, истакна дека на сите три фестивалски вечери играорците
успешно и достојно го презентирале нашиот фолклор, на што е
посебно горд.