ЛЕТЕН САЕМ НА КНИГА ВО РАМКИТЕ НА „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“

0
122
Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во склоп на активностите за „Гевгелиско културно лето“, од утре (6 јули, 2022 година) Гевгелија ќе биде домаќин на четиридневен Летен саем на книга. На штандовите со свои изданија, кои ќе бидат изложени под јаворот на Библиотеката, ќе учествуваат издавачките куќи „Три“, „Паблишер“ и „Полица“. Летниот саем на книга во Гевгелија ќе заврши на 9 јули, 2022 година.
Градската библиотетка „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува љубителите на книги да ги посетат штандовите.