Продолжуваат спортските активности на учесниците на Спортскиот камп во организација на Агенцијата за иселеништво, по тренингот на ракомет, следуваше учење на нови техники во пливањето во ново отворениот базен во Охрид, а во соработка со тренерите на Спортскиот камп. И во текот на наредните денови ќе се реализираат голем број на спортски активности.